| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанското обвинителство ги гони Фалкао и Конетрао за затајување данок!

falkao i kontreao

Шпанското јавно обвинителство покрена обвиненија против Рамадел Фалкао и Фабио Коентрао дека затаиле данок од вкупно 6.9 милиони евра додека играле за Атлетико, односно за Реал Мадрид.

Фалкао е осомничен дека користел оф-шор компании на Бахамските Острови, во Панама и во Ирска за да избегне плаѓање данок во висина од 5.6 милиони евра, додека настапуваше во Шпанија, во 2012 и 2013 година. Коентрао пак, на ист начин затаил околу 1,3 милиони евра. И двајцата фудбалери ги застапува ист менаџер, Португалецот Жорге Мендес.

Истрагата беше отворена откако интернет платформата „Фудбал Лекс“ објави серија документи со кои многу европски фудбалери се сомничат за даночни малверзации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top