Рускиот тренер Сергеј Андреев нема да го води Вардар во квалификациите за Лигата на шампионите и ќе си замине од клубот, а речиси сигурно на неговото место ќе дојде Гоце Седлоски.
Популарниот Седло моментно е спортски директор на Вардар, а ќе добие шанса да го работи тоа што најмногу го знае, да биде тренер во најтрофејниот македонски клуб.
Претходно тој дебитираше како тренер на клупата на Хоризонт Турново. Ако не се случи некакво изненадување и промена на планот на раководството на Вардар, Гоце ќе биде наследникот на Андреев, иако во игра се и поранешниот селектор Чедомир Јаневски и Чехот Зденек Земан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.