| четврток, 6 декември 2018 |

Три круни за еден клуб, ден за паметење за Вардар

vardar-kielce-12

Три круни во ист ден прославија екипите на Вардар во различни спортови. Најпрво фудбалерите без присуство на публика се радуваа на шампионскиот трофеј по победата над Ренова од 4-1, а потоа ракометарките и ракометарите на Вардар го освоија националниот куп.

Со убедлив триумф од 34-16 против Металург, вардарки покажаа дека се без сериозна конкуренција во Македонија и ја продолжија жетвата на пехари што со триумф во машкото финале ја завршија ракометарите на Вардар. И тие го победија Металург во меч за куп титулата со 26-22. Единствен ден, со три трофеи за радост на симпатизерите на „црвено-црната“ боја, симболот на Вардар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top