| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар е шампион, Пелистер повторно второлигаш

Најтреофејниот македонски фудбалски клуб Вардар се закити со уште титула по победата против Ренова од 4-1 во претпоследното коло од Првата македонска лига.

vardarce

Во следната сезона во елитата ќе го нема Пелистер, екипа што со пораз од 0-2 со Турново се прости од прволигашкиот статус.

Вардар ја декласира Ренова и со 3 бода предност пред актулениот шампион Работнички ја освои титулата. Попов, Спировски и Ибричиќ на двапати беа стрелци за новиот првак, а Емини го даде почесниот погодок за Ренова. Вардарци без своите навивачи ја прославија новата шампионска круна, бидејќи мечот се играше без публика.

Битолчани се во сосема поинакво расположение по поразот од 0-2 на домашен терен против Турново. Тасев и Марков беа стрелци за гостите, кои ќе играат бараж за опстанок. Работнички со 2-1 ја победи Шкендија и го освои второто место, а во понизок ранг се сели и Тетекс, екипа што денеска загуби со 0-4 од Брегалница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top