Ракометарите на Вардар ја потврдија улогата на фаворит во мечот со Зомимак и обезбедија пласман во финалето на Купот на Македонија.
Во вториот полуфинален меч од завршницата на националниот ракометен куп на нашата земја, Вардар убедливо со 46:25 го победи Зомимак и се пласира во финалето во кое за противник ќе го има тимот на Металург, кој претходно беше подобар од Пролет со 24:20.
Во редовите на Вардар сите ракометари се запишаа во листата на стрелци, најефикасен беше Данил Шишкарев кој средбата ја заврши со 10 гола, сите во второто полувреме.
Финалето меѓу Вардар и Металург ќе се игра во СЦ Јане Сандански, во сабота, од 18 часот и 30 минути.
Утре, во СРЦ Кале ќе се играат полуфиналните средби во женска конкуренција, во кои за финалето ќе се борат, Пелистер – Металург (од 17 часот) и Вардар – Вардар СЦБТ (19:30 часот).
Финалето кај дамите е во сабота од 15 часот, во СЦ Јане Сандански.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.