| четврток, 6 декември 2018 |

Средби на Попоски на министерскиот состанок на НАТО

нико

Министерот за надворешни работи Никола Попоски на маргините на состанокот на НАТО во Турција се сретна со своите колеги од Грција и Бругарија со кои разговараше за условувањата кои двете ги имаат поставено кон Република Македонија и кои се предуслови за одблокирање на процесот на пристапување кон ЕУ и НАТО.

Како што соопшти МНР, на средбата со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас станало збор за предложените мерки за градење доверба од една страна, како и за наметнатиот спор за именувањето на Република Македонија, кој опстојува како пречка за членство во НАТО и ЕУ.

Со министерот за надворешни работи на Бугарија Даниел Митов, како што се наведува во соопштението, станало збор за безбедносните закани и потребата од отворена соработка меѓу сите земји во регионот, како и за условувањата со меѓудржавен договор кој од бугарска страна е истакнат како предуслов за поддршка на патот кон НАТО и ЕУ.

Попоски оствари средби и повеќе други свои колеги, а на средбите со министрите на земји членки на НАТО и ЕУ се разменети ставови околу ефектите кои ги има долгогодишното одложување на членството во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ врз Македонија и регионот.

Министерот Попоски на средбите  укажал на последиците од политичката криза врз европските и евро-атлантските интеграции на Република Македонија.

Како што соопшти МНР, на средбите изразено е сочувство за загубените животи и повредените во нападите кај Куманово, како и загриженоста од присуство и активност на опасна терористичка група во Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top