Ракометарките на македонскиот шампион Вардар го освоија третото место во Европа, исто како и лани, овојпат со победа од 28-26 против Динамо Волгоград.
Главната битка беше загубена вчера со пораз од Будуќност со 17-27, но девојките во „црвен0-црна комбинација“ успеаја да се издигнат над шокот и да го победат Динамо.
По првиот дел вардарки најавија победа и на пауза меѓу двете полувремиња замионаа со предност од 16-15. Во второто полувреме се играше гол за гол до финишот, кога Вардар направи недостижна разлика од 3 гола и на крајот славеше победа.
Андреа Пенезиќ со 9 погодоци беше најефикасна во мечот што повторно како и лани на ЖРК Вардар му го донесе третото место на Ф4 турнирот во Будимпешта. Лани македонскиот првак го победи Митјиланд во малото финале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



