Македонскиот шампион Вардар е далеку од финалето во Лигата на шампионите, а по 30 минути игра девојките во „црвено-црна“ комбинација губат со 9-14 од Будуќност.
Црногорскиот првак повторно го потврди екстраквалитетот и води убедливо со 5 гола разлика. Клара Волтеринг на голот на Црногорките бранеше извонредно, а одбраната на Вардар тешко се справуваше со Неагу, Петровиќ и Булатовиќ.
Сезонава двете екипи играат по третпат и Вардар повторно е далеку од победа, откако во фазата по групи загуби еднаш и еднаш играше нерешено. Лани Будуќност во истата фаза, во полуфиналето го победи Вардар на завршниот турнир со 22-20 по продолженија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



