| четврток, 6 декември 2018 |

Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“ го врати стариот сјај

Чу­до­твор­на­та ико­на, им­пре­сив­ни­от ико­но­стас, умет­нич­ки­те др­ве­на­рии и та­ва­ни се ре­пре­зен­ти на ова све­ти­ли­ште што е по­чи­ту­ва­но и над­вор од Ма­ке­до­ни­ја и од стра­на на дру­ги­те пра­вос­лав­ни зем­ји

Би­гор­ски­от ма­на­стир „Св. Јо­ван Кр­сти­тел“ е им­пре­си­вен ма­на­стир­ски комп­лекс , кој се на­о­ѓа на па­тот ме­ѓу Го­сти­вар и Де­бар, во бли­зи­на на се­ла­та Би­ту­ше, Ро­сту­ше, Ве­ле­бр­до и Тре­би­ше, по те­че­ни­е­то на ре­ка­та Ра­ди­ка. Ма­на­сти­рот бе­ле­жи ре­чи­си ил­ја­да­го­диш­но по­сто­е­ње. Ос­но­ван е во 1020 го­ди­на од мо­на­хот Јо­ван, а име­то до­а­ѓа по­ра­ди фа­ктот што об­је­ктот бил из­гра­ден на би­гор. Ма­на­сти­рот во те­кот на сво­е­то по­сто­е­ње по­ми­нал низ мно­гу пре­мре­жи­ња. Најм­но­гу стра­дал во вре­ме на тур­ско­то ропс­тво, ко­га во не­кол­ку на­вра­ти бил за­па­лен и ури­ван. Најм­но­гу ште­ти пре­жи­ве­ал во вре­ме­то на ос­ман­ли­ски­от сул­тан Се­лим, ко­га бил раз­ур­нат до те­мел, но чу­дес­на­та ико­на на св. Јо­ван Кр­сти­тел не би­ла уни­ште­на. Пре­да­ни­ја­та ве­лат де­ка ко­га се по­ја­ву­ва­ла опас­ност таа ис­чез­ну­ва­ла и по­втор­но се вра­ќа­ла ко­га опас­но­ста ќе по­ми­не­ла. Пр­ви­от пат ико­на­та би­ла пре­се­ле­на во ма­на­стир ме­ѓу Стру­га и Де­бар, ка­де што и де­нес по­стои храм „Св. Јо­ван Пре­те­ча“ – Би­гор­ски ма­на­стир, а вто­ри­от пат би­ла скри­е­на во се­ло­то Сла­ти­но, Де­бар­ца, ка­де што, исто та­ка, има храм „Св. Јо­ван Кр­сти­тел“ – Би­гор­ски ма­на­стир.

bigorski-2

Чу­до­твор­на­та ико­на на св. Јо­ван се по­ја­ви­ла и леб­де­ла во воз­ду­хот над из­во­ри­те на Ра­ди­ка, а де­не­ска на тоа ме­сто има три чеш­ми. Упа­те­ни­те рас­ка­жу­ва­ат де­ка таа им по­мог­на­ла на мно­гу­ми­на да се из­ле­ку­ва­ат од бо­лест, да до­би­јат де­те, им по­ма­га­ла и на ста­ри и на мла­ди, и на бол­ни и на здра­ви, и на пра­вос­лав­ни и на мус­ли­ма­ни. Спо­ред ед­но пре­да­ние, таа во ми­на­то­то му по­мог­на­ла и на еден ал­бан­ски бег и во не­го­ви­от дом по­крај Ра­ди­ка му го из­ле­ку­ва­ла бол­но­то де­тен­це. Во знак на бла­го­дар­ност бе­гот на ма­на­сти­рот му по­да­рил имот со мас­ли­но­ви дрв­ја. Но, исто та­ка, и каз­ну­ва­ла ко­га не­кој не го по­чи­ту­вал ма­на­сти­рот. По­ста­ри­те рас­ка­жу­ва­ле де­ка во ми­на­то­то има­ло не­кој бег што се фа­лел пред си­те во Де­бар де­ка од ма­на­сти­рот ќе на­пра­ви те­ќе. Но, на­бр­гу бе­гот се раз­бо­лел и по­чи­нал, а на де­нот на не­го­ви­от по­греб гр­ме­ло тол­ку сил­но што уда­рот од гром ги по­ко­сил не­го­ви­те род­ни­ни што при­сус­тву­ва­ле на по­гре­бот.

bigorski-3

Об­но­ва­та на ма­на­сти­рот поч­на­ла во вре­ме­то на игу­ме­нот Ила­ри­он ко­га поч­ну­ва да се раз­ви­ва и мо­на­шки­от жи­вот. Ма­на­стир­ски­те ко­на­ци ги со­чи­ну­ва­ле не­кол­ку пре­крас­ни зда­ни­ја. Ед­но од нив е комп­ле­ксот згра­ди по­ста­вен вед­наш до цр­ква­та, кој е поз­нат ка­ко Гор­ни па­лат и кој бил из­гра­ден во 1814 го­ди­на и е единс­твен по сво­ја­та жи­во­пис­на ар­хи­те­кту­ра. На прв пог­лед вед­наш в очи во па­ѓа чар­да­кот, кој е мош­не ве­што изра­бо­тен и му да­ва спе­ци­фи­чен дух на це­ли­от ко­нак.

bigorski-5

По­крај чу­до­твор­на­та ико­на, ма­на­сти­рот е на­да­ле­ку поз­нат и по сво­јот ико­но­стас, кој го изра­бо­ти­ле Пе­тре Фи­ли­пов – Гар­ка­та од се­ло­то Га­ри за­ед­но со брат му Мар­ко Фи­ли­пов, Ма­ка­риј Фрч­ков­ски од Га­лич­ник и Аврам Ди­чов со си­но­ви­те Ва­сил и Фи­лип од Фи­ли­пов­ци од се­ло­то Осој.

Де­не­ска, на по­вр­ши­на од 4.000 ква­драт­ни ме­три, кол­ку што за­фа­ќа Гор­ни па­лат, це­лос­но е вра­тен не­го­ви­от пре­поз­нат­лив изг­лед и автен­тич­но­ста, со си­те умет­нич­ки изра­бо­те­ни др­ве­на­рии и та­ва­ни. Осо­бе­но впе­чат­ли­ви се ре­пре­зен­та­тив­ни­те одаи на ова све­ти­ли­ште, кое е по­чи­ту­ва­но и над­вор од Ма­ке­до­ни­ја и од стра­на на дру­ги­те пра­вос­лав­ни зем­ји.

– При об­но­ва­та на Гор­ни па­лат се ко­ри­сте­ше нај­ква­ли­тет­но да­бо­во др­во ка­ко за чар­да­ци­те, та­ка и за огра­ди­те, вра­ти­те, та­ва­ни­те, по­до­ви­те, а и впе­чат­ли­ви­от ме­бел е од да­бо­во др­во – рас­ка­жу­ва­ат мо­на­си­те.

bigorski-6

Ко­на­кот со тр­пе­за­рии, ка­де што се сме­сте­ни ма­шка­та и жен­ска­та тр­пе­за­ри­ја бил гра­ден во пер­и­о­дот од 1820 до 1825 го­ди­на. По­ра­неш­на­та жен­ска тр­пе­за­ри­ја по­доц­на е пре­у­ре­де­на во про­стор ка­де што се из­ло­же­ни ре­тки ико­ни од 17, 18 и од 19 век и древ­ни цр­ков­ни пред­ме­ти, одеж­ди, кр­сто­ви итн. Ма­шка­та тр­пе­за­ри­ја, пак, сѐ до по­жа­рот им­пре­си­о­ни­ра­ла со гран­ди­оз­но­ста и со та­ва­ни­те укра­се­ни со ми­јач­ка рез­ба.

bigorski-4

Источ­ни­от и Гор­ни­от па­лат се про­сти­ра­ат на 7.600 ква­драт­ни ме­три и та­му се рас­по­ре­де­ни пе­де­се­ти­на мо­на­шки ќе­лии, ма­гер­ни­ца­та, го­ле­ма­та тр­пе­за­ри­ја, га­ле­ри­ја­та со ико­ни, по­друм­ски­те про­сто­рии, го­стин­ска­та про­сто­ри­ја, ма­на­стир­ска­та ам­бу­лан­та, пре­крас­на­та биб­ли­о­те­ка, ма­на­стир­ска­та ку­ла и дру­ги функ­ци­о­нал­ни про­сто­рии.

bigorski-7

Се­то ова бе­ше це­лос­но об­но­ве­но отка­ко на 30 сеп­тем­ври, Гор­ни па­лат го за­фа­ти си­лен по­жар и це­лос­но из­го­реа си­те про­сто­рии со вна­треш­ни­от ин­вен­тар. Од ма­на­сти­рот оста­на­ле са­мо ка­ме­ни­те ѕи­до­ви.

– По ре­кон­струк­ци­ја­та на опо­жа­ре­ни­от дел на ма­на­сти­рот бе­ше изра­бо­те­на и про­ект­на до­ку­мен­та­ци­ја за кон­зер­ва­ци­ја и ре­ста­вра­ци­ја од стра­на на На­ци­о­нал­ни­от кон­зер­ва­тор­ски цен­тар, кој вр­ше­ше и по­вре­мен кон­зер­ва­тор­ски над­зор над из­вед­ба­та на ре­кон­струк­ци­ја­та да­ли е во сог­лас­ност со кон­зер­ва­тор­ско­то одо­бре­ние – ве­ли ми­ни­стер­ска­та за кул­ту­ра Ели­за­бе­та Кан­че­ска-Ми­лев­ска.

Се­га ко­на­кот е збо­га­тен и со заб­на ор­ди­на­ци­ја, ра­бот­на кан­це­ла­ри­ја и со дру­го.

 

Пишува: Невена Поповска
Фото: Ѓорѓи Личовски
(Текст објавен во 139. број на неделникот „Република“, 1.05.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top