| четврток, 6 декември 2018 |

Јадранскиот град кој полека умира: Беше иднина на Мусолини, стана жртва на систематско запоставување

Раша е најмлад град во Истра. Изграден е во 1937 година, а бил дел од програмата на Мусолини која вклучувала изградба на 12 нови градови за работници.

Градот е единствен пример на целосно зачувана урбанистичка целина од тоа време, жив споменик на архитектурата на италијанскиот рационализам.

rasa_reportaza7-100117(1)

Кафулето на централниот градски плоштат во Раша е единствен угостителски објект кој денес работи во таа истарска населба и е единствено јавно место на кое можете да се згреете додека температурата сред бел ден околу пладне опасно се симнува под нулата. Празно е, гости има малку, тие се на поминување и одат на некоја голтка кафе или само на кратко.

rasa_reportaza35-100117

Копањето на камен јаглен, во годините кога беа подготовките за војната, доби висок приоритет во фашистичка Италија. Италијанската управа работела на значајно зголемување на производството кое во 1936 година изнесувало 735.610 тони, со планови за милион тони, 7.000 рботници со тенденција на постојан раст.

rasa_reportaza11-100117

Поради тоа здружението на јагленокопот „Раша” („Arsa” Società Anonima Carbonifera) и A.Ca.I. (Azienda Carboni Italiani) порачале изградба на нова населба, а проектот е доделен на христијанскиот архитект Густав Пулицер Финали. Тој имал единствена прилика целосно урбанистички да ја реши комплетната населба и архитектонски да го обликува секој објект.

rasa_reportaza8-100117(1)

Архитектот, Раша ја поделил хиерархиски на работнички и службен дел, а централниот плоштад бил во служба на поврзување, но и раздвојување на овие два света. Во работничкиот дел има низови на исти куќи со по четири двособни станови, секој со одвоен влез и ист двор. Во секој стан имало печка на јаглен која овозможувала греење. Становите за службениците и директорите имале поголем комфор и греењето им било овозможено со посредство на топла вода од градската топлана. Вкупно биле изградени 96 куќи, а градот кој бил планиран за 2 до 3.000 жители, со можност за проширување до 5.000, ги имал сите потребни содржини, од општинска зграда и полициска станица, до училиште, градинка, пошта, кафеани, ресторани, хотели, продавници, кино и болници, спортски игралишта па дури и отворен базен со олимписка големина.

Инфраструктурните решенија исто така биле на високо ниво – водоводот и канализациската мрежа, градското осветлување и патиштата со асфалт, топла вода во сите јавни објекти… На крајот на градот се наоѓала управата на рудникот.

rasa_reportaza33-100117

Поради своето фашистичко минато, Раша во Југославија е систематски запоставуван град и препуштен на пропаѓање, иако формално и понатаму се славела како работничко, ударничко место.

Како и во соседниот град Лабин кој е оддалечен четири километри, тука се доселувале работници од цела Југославија, посебно од Босна и Херцеговина.

„Запоставувањето е една од основните причини зошто Раша не била уништена како урбанистичка целина. По затворањето на рудникот, власта престанала да се грижи за градот. Бил дел од општината Лабин. Толку бил сиромашен што тука ништо не се градело, на што можеме да бидеме благодарни за тоа што денес е единствен во Европа” – вели Деан Захтила.

rasa_reportaza1-100117

Во 90-тите Раша повторно добил статус на општина која според пописот од 2011 година има 3.183 жители, од кои 1.444 живеат во самиот Пулицеров град.

„Во самата населба повеќето се пензионери, млади луѓе се доселуваат но покрај брегот. Раша не може да се шири, градот е таков каков што е, семејствата кои живеат се веќе долго тука. Раша треба да се сака за да може да се живее во него” – вели Глорија Палиска Болтерстеин, градоначалничка на Раша, која на иницијативата градот да се заштити како културна оставнина, гледа многу внимателно.

„Треба да се види што подразбира тоа, кои се бенефициите, а колкави инвестициите, дали тоа општината може финансиски да го поддржи. Општинскиот совет на Раша пред две години донесе одлука со која го заштитува градот Раша како урбанистичка целина и културно добро од локално значење и ги ограничува градежните зафати. Но, во 80-тите години многу работи се сменија. Луѓето многу нешта надоградуваа, многу фасади не се во оригиналните бои, имаме накосени тераси, гаражи, сателитски антени, а сега е во тек и легализација на нелегалните градби” – вели градоначалничката.

Реопортажа на „Јутарљи лист“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top