Македонската фудбалска репрезентација е на 105. позиција на најновата ранг-листа на ФИФА, со што остана на истото ниво од претходното рангирање. Следниот квалификациски натпревар против Словачка во Жилина може да ни донесе напредок, под услов да забележиме позитивен резултат и враќање на позициите во топ-100. На тој меч на 14 јуни деби на клупата ќе има новиот селектор, Љубинко Друловиќ.
Од останатите селекции во нашата квалификациска група, Словачка е на 19. место, додека Шпанија и натаму е во топ 10, токму на 10. позиција. Украина остана на 33. место, Белорусија е на 83. скалило, а Луксембург е најслабо рангиран зад нас, на 137. место.
На врвот нема промени. Актуелниот светски првак Германија остана лидер, пред Аргентина, Белгија, Колумбија, Бразил, Холандија, Португалија, Уругвај, Швајцарија и Шпанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



