Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар не ја искористи првата шампионска меч топка, откако одигра нерешено 2-2 со актуелниот првак Работнички.
Романтичарите поведоа со голот на Чуму Анене во првиот дел, а Вардар со головите на Јасир Асани во вториот дел направи пресврт и беше блиску до промоција во нов македонски шампион. Сепак Марјан Алтипармаковски со погодок во 82. минута израмни на 2-2 и не дозволи шампионско славје на Вардар на 3 кола до крајот.
„Црвено -црните“ имаат 65 бода, пред Работнички со 59 и Шкендија со 53. Во плејоф шемата Ренобва е четвртопласирана со 44 бода и меч помалку, пред Силекс со 34 и Металург со 33 бода и еден натпревар помалку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



