| четврток, 6 декември 2018 |

Теорија на завери: Кејт не била трудна, бебето го родила сурогат-мајка

princeza sarlota

Руските весници ја нападнаа војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон дека го ризикувала здравјто на својата ќерка бидејќи премногу брзо излегла од родилиштето за да се фотографира. Освен тоа се развија бројни теории на завера поврзани за кралското бебе. Најлудата теорија е онаа дека бебето го родило сурогат-мајка.

Русите заклучиле дека е невозможно Кејт Мидлтон да изгледа толку добро веднаш по породувањето. Кејт од родилиштето излезе пет часа откако Кенсингтонската палата објави дека се родила малата принцеза.

– Ако родила по природен пат, тогаш тоа сигурно било пред неколку дена – смета една читателка, а друга тврди дека Кејт во  рацете на држи новороденче.

– Видете го бебето, лицето е мазно, старо е најмалку три дена – коментирале жените, кои тврдат дека и покрај најдобриот лекар, жената не може да стои на нозе пет часа по породувањето.

За весникот коментирала и Олга Перовскаја, гинеколог, која ги повикува Русинките да не го следат примерот на Кејт.

– Секако дека е ризично. Но, да се надеваме дека бебето ќе биде здраво. Во нашата земја жените си заминуваат од болница три до четири дена по породувањето, ако е се во ред – изјави докторката.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top