Најновото филмско остварување „Три во едно“, на режисерот Коле Ангеловски, премиерно ќе биде прикажан денеска (4 мај), од 20 часот, истовремено во Скопје (Кинотека на Македонија), во Битола и во Струга, а потоа и низ останатите градови низ Македонија.
Филмот е урнебесна комедија од три различни приказни на една иста тема: љубов и неверство. Сценариото и режијата се на Коле Ангеловски. Директор на фотографија е Антонио Божиновски, а во филмот играат плејада одлични актерски имиња: Даниела Иваноска, Зоран Иваноски, Андон Јованоски, Марија Спиркоска Илијески, Наташа Наумоска, Марјан Чакмакоски, Јасмина Мицовска Станкоска, Димитар Црцорски, Катерина Чакмакоска, Виолета Чакарова, Владимир Ѓорѓијоски, , Александар Степанулески, Никола Настоски.
Дистрибутер на филмот е КТ ФИЛМ И МЕДИА од Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.