| четврток, 6 декември 2018 |

„Како ги заработив првите пари“ – најнова книга од Александра Велинова

Сашко Коцев, Бубо Каров, Елизабета Канческа Милевска, Зоран Заев, Татјана Стојановска, Филип Миркуловски се дел од личностите за кои ќе дознаете кое е нивното прво работно искуство и за што ги потрошиле парите во најновата книга „Како ги заработив првите пари“ од Александра Велинова. Интервјуирани се 70-тина спортисти, уметници, дипломати, политичари, манекенки, водителки и бизнисмени. Книгата своето прво „јавно појавување“ ќе го има на Саемот на книга ексклузивно на штандот на ИК „Дијалог“.

-Слатки, духовити, шармантни, искрени… такви се одговорите на единственото прашање: Како ги заработив првите пари? Инвентивната книга со одговори од познати личности, ќе ве расположи, разведри, насмее, но и поучи, подзамисли и продлабочи, вели во рецензијата Кристина Николовска.

Темата е во дослух со она што го нарекуваме тренд на нашето живеење:

-Парите како потреба за егзистенција, но и парите во постојниот круг на циркулацијата како крвоток на постоењето и развојот на современиот свет, подвлекува рецензентот Веле Смилевски.

Ова е четврта по ред книга на Велинова, по стихозбирките:„Најубавите години“ (објавена на 13 -годишна возраст), „Од дното на душата“ и „Стапки во пустина“. Таа е член на Друштвото на писателите на Македонија.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top