| четврток, 6 декември 2018 |

Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија

Со воспоставената практика венцоносците да бидат прогласувани и за почесни членови на Друштвоот на писателите на Македонија се зацврстува контактот со овие исклучителни творечки личности, велат од најстарата писателска асоцијација, посочувајќи дека и годинешниот лауреат на „Златен венец“ на СВП, Адам Загајевски е еден од водечките гласови во современата светска литература

-Загајевски е поет со изградена поетика, со силно изразен космополитиски дух. неговата поезија е згусаната меморија на 20-от век во која покрај историските трауми, пшроблеснуваат интересите за филозофскиот и уметничкиот, ликовен и музички свет, смета Соња Стојменска – Елзесер претседател на ДПМ.

Песните на Загајевски, кој вели дека животот е потцент а поезијата не претерува, се одбележани од длабокото, исконско сочувство со загубата, со нелагодата на обескоренетоста, селидбеноста. Тој посочи дека новите пријателсвта во Македонија му била инспирација за неговото творештвшто.

-Пред една недела дојдов во Македонија, бев  во Струга и разговаравме со одговорните за фестивалот. Кога доаѓаш на еден ваков фестивал, гледаш многу непознати луѓе и не знаеш кои се тие. Напочеток не си премногу среќен бидејќи треба да го поминеш твоето време со непознати луѓе. Но после неколку дена тие стануваат ваши пријатели. Ова траеше само една недела, но таа беше многу интензивна.Сепак, среќен сум што бев тука, Среќен сум што ја запознав вашата земја и духот на пријателството ме понесе и инспирира во пишувањето, изјави Загајевски.

Загајевски е автор на дваесетина збирки поезија препејувани на дваесетина светски јазици. Има и прозно творештво три романи и седум есеистички книги. Тој е најшироко препознаен поетски класик добитник на значајни награди и признанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top