| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ

Денеска напладне (17.09.2018 година), во просториите на Друштво на писатели на Македонија ќе се одржи промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на писателката Лидија Дочовска Павловска, а критички осврт ќе дадат Проф. Д-р Вера Стојчевска Антиќ и Доц.М-р Трајче Кацаров.

Лидија Дочовска Павловска,  член е на Друштвото на писателите на Македонија. Со своите поетски збирки „Солзите на Преспана“, „Така љубеше Косара“, „Крикот на пеликанот“, преку коавторската прозна книга „Преспански легенди-Преспанска езерска убавица“, со најновата „Липите кај Сарај куќа“ остава силен печат и вистински траги за одредени настани и случувања од преспанското поднебје кои веќе беа подзаборавени а Дочовска Павловска ги оживеа и им даде една нова, безвременска поетска димензија.

-Сите ние длабоко во себе ги носиме, чуваме и негуваме спомените за нашиот роден крај. Често во нив сакаме да ги доживееме ликовите на многу личности кои оставиле свој печат во времето во кое живееле. Некои од нив се значајни историски личности од подалечното или поблиското минато на нашиот народ, а некои настанале како плод на митолошки преданија, усно пренесувани од генерација на генерација. Јас, се обидов да направам еден спој, компилација на митолошкото и историското и преку моите поеми и легенди да ги доближам тие личности до пошироката читателска публика. Главни карактеристики на сите нив е што обработуваат личности кои исклучиво се поврзуваат со настани од овој крај.“ вели Лидија Дочовска Павловска.

 

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top