| четврток, 6 декември 2018 |

Трибина на ВМРО ДПМНЕ во Неготино: СДСМ се служи со нестабилност, немир и провокации

sdsm

Оваа власт постојано е меѓу народот, се грижи за сите категории на граѓани на Македонија, истакна вечерва на трибина во Неготино вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Тој потсети дека тој и неговите соработници постојано доаѓаат на средби со неготинчани за да ги слушнат нивните евентуални проблеми и да ги реша

– Веќе трет месец граѓаните на Република Македонија имаат тежина, имаат потреба да сме почесто меѓу нив, имаат потреба да поразговараме и да прозбориме и дадеме наше мислење за актуелната политичка, економска и секаква друга ситуација во државава и да дадеме наше мислење во однос на решенијата за излез од таквата ситуација и ставови на нашата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ. Веќе трет месец политичкото раководство на опозицијата, СДСМ и Заев внесуваат немир меѓу граѓаните на Република Македонија со еден континуиран настап кој е некарактеристичен за демократски земји, преку јавно објавување на креирани разговори кои се стекнати на незаконски начин како материјал и кој никаде во друга земја не се користи на ваков начин како што тоа се прави овде од политичката опозиција, рече Ставрески.

Тој додаде дека не е прв пат како што нагласи, СДСМ да се служи со нестабилност, немир, провокации и да внесува фрустрации меѓу луѓето за да дојде до власт и да ја дестабилизира земјата.

– Имено во овие дваесетина години на демократски развој на Македонија имавме неколку ситуации кога СДСМ на сличен начин кога е во опозиција не ја држи место и не може да се помири со фактот дека граѓаните се изјасниле за друга политичка опција да ја води земјата. И постојано на еден или друг начин сопствената политичка криза во нивната партија ја прелеваат на ниво на државата. Така пред петнаесетина години се случи еден сличен настан со многу слични карактеристики како сегашниот да се стекне некој материјал на незаконски начин преку прислушкување, рече вицепремиерот.

Сега како што нагласи, опозицијата го повторува сценариото. Но, како што додаде, граѓаните не ги интересираат телефонските разговори на политичарите ами што тие прават за нив и за подобрување на нивниот живот.

Ставрески се задржа на сите нови проекти кои оваа власт ги промовираше во последно време а имаат, како што истакна, за цел подобро утре за секој граѓанин на Македонија. Притоа осврнувајќи се на позитивните ефекти од работењето на оваа власт кај различни категории на граѓани.

На трибината учествуваа и министерот за труд и социјала Диме Спасов, како и пратениците Влатко Ѓорчев, Александар Николовски и Благородна Бојаџиева како и неготинскиот градоначалник Ванчо Апостолов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top