| четврток, 6 декември 2018 |

Поради недостаток на доктори: Матичните лекари ќе дежураат во Итна помош во Неготино

Со цел да се подобри достапноста на здравствените услуги за граѓаните во општина Неготино, матичните лекари ќе бидат вклучени во дежурствата во здравствениот дом во службата на Итната Медицинска Помош, соопшти Министерството за здравство.

На вчерашната средба на Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигугрување, Здравствен дом Неготино и матичните лекари, донесоа одлука да се обезбедат 24-часовна здравствена заштита на граѓаните во општината.

Поради недостаток на лекари во Итната Медицинска Помош, а во согласност договорените обврски помеѓу Здравствен дом Неготино и матичните лекари, истите се обврзани да обезбедат 24 часовна здравствена заштита на населението.

Обезбедување здравствена заштита на населението е врвен приоритет на Министерство за здравство. Договорна обврска на матичните лекари кои имаат склучено договор со ФЗОМ е да учествуваат во системот на дежурства. Токму затоа, за првпат се воведува вклучување на приватните лекари во дежурства во службата на ИМП во Здравствен дом Неготино, а по потреба ќе се шири и во останатите општини каде има недостаток на лекари во ИМП.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top