| четврток, 6 декември 2018 |

Градоначалникот на Неготино доживеал сообраќајка

Градоначалникот на Неготино, Тони Делков синоќа доживеал сообраќајна незгода, кога во неговиот автомобил удрил мотоцикл. Автомобилот на градоначалникот бил управуван од неговиот шофер Р.С. (45), додека Делков бил сопатник, пренесува „Независен весник“.

Настанот се случил во 20.40 часот, на исклучок од автопатот за Неготино, кога во патничкиот автомобил Пасат удрил мотоцикл Сузуки, управуван од К.Ч. (22).

Во незгодата нема повредени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top