Универзитетот за аудиовизуелни уметности Европска филмска, театарска и танцова академија, заедно со Амбасадата на Република Италија во Македонија, во вторник 13 март во 11 часот во Кинотека на Македонија, организира академска трибина по повод 75 годишнината на холокаустот на македонските евреи и започнувањето на италијанското претседателство со IHRA (International Holocaust Remembrence Alliance).
Ексклузивни гости на академската трибина ќе бидат режисерот Луиџи Фачини и продуцентката Марина Пиперно на документарниот филм „Лебот на сеќавањето“ (Il pane de la memoria), потресно сведоштво за мрачните години на светската историја поврзана со холокаустот. Авторите на филмот се едни од малкуте преживеани од големата депортација на италијанските евреи од Рим, октомври 1943 година.
Ректорот на универзитетот Јордан Плевнеш и амбасадорот на Италија Карло Ромео, ќе ги поздрават присутните гости, професори и студенти, кои ќе дебатираат на оваа историска тема која и денес ги заплиснува европските и светските трауми од минатото и неизвесноста на иднината.
Македонската премиера на овој филм ќе биде на 14 март во среда, во просториите на Фондот на Холокаустот на Евреите во Македонија, со почеток од 19 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ова еврејско семејство било разделено на три континенти: Сега потворно се заедно во Битола (видео)
-
Борисов жали за холокаустот на македонските Евреи, но не се извини
-
Мицкоски во сеќавање на македонските Евреи: Овој датум еден од најтажните во македонската историја
-
Во Скопје, Битола и Штип се одбележуваат 75 години од холокаустот на македонските Евреи