| четврток, 6 декември 2018 |

Најмладиот донор во Британија е бебе

  нозе

Најмладиот донатор на орган во Велика Британија стана бебенце, коешто живееше само 100 минути, пишува британскиот весник Dayli Mirror.

Оваа сторија се одиграла точно пред една година во семејството на Џес Иванс и Мајк Холстон. Британката, којашто била бремена со близнаци, била информирана од своите лекари, дека едно од децата веројатно нема да преживее по раѓањето поради сериозни болести.

Родителите биле скршено од информацијата добиена од лекарите, но сепак решиле нивното неродено дете да помогне да се спаси живот на друг човек. Тие одлучиле да го донираат органите на новороденчето да спасат возрасен пациент.

По раѓањето, момченцето коешто го крстиле Теди Ноа Холстон, проживеал само 100 минути. Три минути по констатирањето на смртта, лекарите извеле оперативен зафат за да ги осигурат бубрезите и срцевите залистоци за пресадување кај друг пациент.

– Тој живееше и почина како херој. Невозможно е да се опише колку се гордееме со него – вели за весникот таткото на бебето.

Братчето на Теди, кого го крстиле Ноа Теди Холстон се родило сосема здраво. Тој во моментов е со своите родители и неговата тригодишна сестричка Били во нивниот дом во Кардиф, Велс.

Родителите велат дека со објавувањето на оваа сторија се приклучиле на кампањата за донирање органи во Велика Британија којашто ја покрена весникот Daily Mirror’s и кој објави дека приказната за Теди предизвикала пораст од 378 отсто на бројот на лицата од еден ден претходно, кои бараат на интернет да бидат приклучени на регистарот на донорите на органи на интернет сајтот NHS Organ Donation кој за еден ден го посетиле близу 6.000 луѓе од кои близу 2.000 се пријавиле.

Меѓутоа, тоа се’ уште не доволно бидејќи податокот кој го поттикнал семејството на Теди покажува дека со 7.000 пациенти на листата на чекање на органи, Велика Британија е во очаен недостиг од донори, поради што три пациента починуваат секој ден во очекување на соодветен оган за трансплантација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top