Поранешниот вршител на должноста селектор на Фудбалската репрезентација на Србија, Љубинко Друловиќ, е нов кормилар на Македонија. Одлуката е донесена, само треба да ја потврди Комисијата за избор на селектор на седницата во Велес, која е во тек, а почна во 14 часот.
Друловиќ имаше успеси со селекцијата на Србија до 19 години, што ја предводеше до пласман на ЕП, а потоа за кратко доби шанса да биде в.д. селектор на сениорската селекција на популарните „орли“.
Играчката кариера на новиот македонски селектор е импресивна. Тој играше и за португалските гиганти Порто и Бенфика, додека најголем успех во тренерската кариера му е освојување на европската круна со младинците на Србија на возраст до 19 години.
„Република“ на почетокот на месецов објави дека српскиот тренер е најсериозно име кое се спомнува за селектор на сениорската репрезентација на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.