| четврток, 6 декември 2018 |

Како Сорос „подмачкува“ политичари и новинари?

Популарниот новинар на американската Фокс Њуз, Бил О’Рајли, во неговата емисија „Фактор“ презентира детали и информации добиени од исцрпно истражување за мрежата на Сорос и начинот на кој овој американски мултимилијардер вложува огромни суми на пари за купување на политичари и новинари кои потоа работат на исполнување на неговите агенди.

Во емисијата со тема „купување политичка моќ“ О’Рајли го  анализира контроверзниот Џорџ Сорос на следниот начин:

Ова се клучните точки: „Фактор“ го истражуваше екстремно левичарскиот милијардер Џорџ Сорос, човекот кој сака да наметне екстремнолевичарска агенда во Америка и постигнува огромен успех, и тоа без да биде забележан!

Сорос е режисер на сложена политичка операција чија цел се две работи: да си „купи“ влијание кај некои либерални политичари и да го „подмачка“ народот.

Ова е табела која покажува како Сорос и уште неколку други богати екстремисти кои му помагаат даваат пари за политички процеси. Најголем дел од средствата на Сорос наменети за политички цели протекуваат преку неговата фондација „Отворено општество“. Се работи за речиси неограничени финансии.

foto 1

Според федерални документи, од 2001 година фондацијата „Отворено општество“ ѝ дала околу 20 милиони долари на фондацијата „Тајдс“. Огромна сума! „Тајдс“, пак, им ги префрла парите на разни политички егзекутори кои се добро платени. На пример, „Тајдс“ има донирано милиони на пропагандниот медиум „Медиа метерс“ чијашто специјалност е извртување коментари на политичари и медиумски работници. „Медиа метерс“ е вебсајт, но својата пропаганда директно ја влева во некои мејнстрим новинари и колумнисти во „Ен-Би-Си њуз“, „Њујорк тајмс“, „Њузвик“ и „Пи-Би-Ес“. Всушност, под палката на Мојерс – како претседател фондацијата „Шуман центер“ – барем половина милион долари биле префрлени на „Медиа метерс“.

Џорџ Сорос фрла пари и на „Центер фор американ прогрес“ и „Демокраси алајанс“, а и двете организации, исто така, ја финансираат „Медиа метерс“.

Џорџ Сорос дава милиони и на радикалната левичарска организација „Мув он“, која е активен поддржувач на политичари како Хауард Дин и Џон Едвардс и организира протести кои поддржуваат левичарски каузи.

Џорџ Сорос може да „подмачка“ кој ќе посака и тоа го прави на разни начини. Неговите организации можат да соберат милионски средства за политичари кои ќе му ги исполнат желбите, а со тоа може да бара од политичарите кои се кандидираат да прават што тој ќе посака. Ако некој либерален политичар не прави како што Сорос сака, ќе му/ѝ пресушат финансиите и ќе бидат брутално нападнати. Сенаторот Џозеф Либерман најдобро знае што му направија „Медиа метерс“ и „Мув он“. Голема е веројатноста дека и Џон Едвардс сега прима наредби од Сорос, а можно е тоа да важи и за други демократски политичари.

Целта на Џорџ Сорос и на други финансиери на либерали е да ги купат претседателските избори. Тоа значи: да си најдат и да финансираат кандидат кој ќе прави што ќе му/ѝ се каже. Порано големите бизнисмени го правеа тоа, а сега Сорос и неговите истомисленици – екстремисти кои сакаат отворени граници, легализација на дроги, евтаназија итн.

„Културен воин“ (Culture Warrior) ја документира политиката на Сорос и неговите бизниси кои затајуваат данок, лоцирани во Бермуда.

Но, најстрашно е што повеќето Американци никогаш не ни слушнале за Џорџ Сорос! Опасно е, но е целосно во склад со законот.

Моника Кроули, радио водител, во емисијата изјави дека дејствата на Сорос се одлично подмачкана и извонредно организирана машина.

-Целата моќ е во рацете на само еден човек, кој е милијардер и си инвестира каде што ќе посака. Има два проблеми: прво, транспарентноста. Овој човек долго време работеше кришум до пред да биде разоткриен бидејќи мејнстрим медиумите го штитат.

Парите кои Сорос ги дава поминуваат низ 3-4 организации пред да стигнат до крајниот корисник. Се работи за мрежа, но не е многу сложена зашто, сепак, парите можат да се следат и на крај се гледа дека секогаш доаѓаат само од 2-3 организации. Сорос дури и не се труди да ги прикрие трагите.

-Вториот проблем е одговорноста. Тој финансира медиуми кои подмачкуваат и политичари и коментатори.

Сорос на овој начин направил милионски суми, водејќи бизниси во Бермуда и Франција, каде што е и осуден за кривично дело. Знае како да го прави тоа, знае како да ги движи парите и да ги користи за да биде влијателен.

Фил Кент, консултант за медиуми, исто така, се согласува дека Џорџ Сорос е клучното зло на сите левичарски фондации.

– Самиот Џорџ Сорос пред неколку години изјави дека главната пречка за стабилен и праведен свет се САД. Тој навистина ја мрази оваа земја и финансира групи кои се залагаат за отвореност на границите и радикални исламистички групи кои поддржуваат бомбаши-самоубијци, а во книга подетално го опишав тоа. Сорос верува дека со парите може да ја контролира политиката и САД, вели Кент.

Сорос контролира значајни имиња во американските мејнстрим медиуми: Бил Мојерс, Рози О’Донел, колумнисти во „Њујорк тајмс“, новинари во „Њузвик“, „Ен-Би-Си“ и други медиуми. Го презентираат тоа што Сорос ќе им го нарача.

Сорос финансира и десничарки и левичарски медиуми за постигнување на своите цели, а политичарите кои нема да играат како што тој ќе им свири се елиминирани од играта. Според Кент, средствата кои Сорос и „Отворено општество“ ги вложуваат во политичките кампањи се најмалку 15 пати поголеми од тие на десничарските и конзервативните фондации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top