Унгарскиот претседател Јанош Адер денеска го потпиша Указот за стапување во сила на контроверзниот закон со кој се поставуваат нови услови за функционирање на странски високообразовни институции во Унгарија и врз основа на кој би можел на биде затворен Централноевропскиот универзитет, основан од американскиот бизнисмен Џорџ Сорос.
Во соопштението од Кабинетот на Адер по повод потпишувањето на указот се посочува дека претседателот верува оти со законот не се прекршува академската слобода или меѓународните норми.
Претседатлот ја повикува Владата да разговара со универзитетите на кои се однесува овој закон, со цел да се најде најдобриот начин за нивно натамоишно функционирање, се додава во соопштението.
Унгарскиот Парламент минатата недела, на предлог на Владата, по скратена постапка го усвои овој закон, што предизвика големи улични протести и реакции на истакнати универзитетски професори и странски институции со барање за негово отфрлање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Нов закон во Франција: Казна три години затвор и 45.000 евра за секој политичар што ќе си вработи член на семејството
-
Измени во Законот за минимална плата
-
Данев: Изборен закон не се носи без консултации со опозицијата