| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија има најголем упех во борбата со Сорос

soros-55-640x459

Сајтот каде што главен и одговорен уредник (2012 – 2016) беше Стив Бенон, сегашен главен советник и стратег во Белата куќа на Доналд Трамп, ја продолжува отворената војна против Соросоидите.

Во едена од вчерашните објави, сајтот Брајтбарт објавува дека борбата против октоподот на Џорџ Сорос почнува да дава резултати. Во својот ударен текст, сајтот Брајтбарт посочува дека голем број на земји од Централна и Источна Европа, покрај Република Македонија, имаат големи проблеми со Сорос: Полска, Унгарија, Романија, Словачка, Бугарија и Србија.

Брајтбарт констатира дека Република Македонија има најголеми успеси против Сорос и најголема поддршка во Вашингтон, со тоа што повеќе конгресмени и сенатори веќе јавно бараат истрага за врските со Сорос на амбасадата на САД во Скопје и амбасадорот Џес Бејли.

Сајтот на главниот стратег на Белата Куќа од свои извори констатира дека истрагите за амбасадата на САД во Скопје и против Џес Бејли веќе почнуваат да даваат плод, без засега да навлегува во детали и подробности.

banon-tramp

Инаку, за време на ваквите официјални истраги од страна на органите на САД се активираат процедурите за заштита на сведоци во персоналот на амбасадата кои можат да постигнат договор со инспекторите и обвинителството. Останува да се види дали и кој од персоналот на амбасадата на САД во Македонија ќе побара да биде заштитен сведок.

Во моментов се водат четири истраги против амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли.

Седум влијателни конгресмени официјално побараа истрага за Бејли од Главниот Инспектор на САД и од страна на Владината канцеларија за отчетност, порано позната како Генерална канцеларија за сметководство на САД. Активирана е Службата за истражување на Конгресот, а со своја посебна истрага настапи и Џудишал Воч, најдобрата правна организација во САД.

Новинската агенција Брајтбарт информира дека Владата на Унгарија е во процес на измена на повеќе закони за поголема транспарентност во финансирањето на таканаречените НВО. Најголем противник на ваквите позитивни промени се токму платениците и организациите на Сорос.

Со новите закони на владата на Виктор Орбан јавноста и народот ќе знаат со кои и чии средства се финансираат кампањите од странски извори, а јавноста ќе има увид во финансирањето на таканаречените НВО. Такви законски измени минатата година направи и Израел.

Најголемата иронија и лицемерие е што НВО платениците на Сорос одеднаш се против јавноста, и отчетноста, кога се работи за нив.

Продолжува судирот и војната помеѓу Доналд Трамп и Џорџ Сорос. Сајтот на главниот советник и стратег на Белата куќа на Доналд Трамп кажува и покажува во која насока се одвиваат работите и во САД, и во Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top