Од Австралија, преку Израел, па се до САД…не стивнуваат акциите против Џорџ Сорос, а во моментов и целиот Балкан се повеќе и повеќе зоврива во застанувањето против Сорос и неговото “Отворено општество”. Реакциите на обичните граѓани против фондацијата која финансира платени спроведувачи на идеите на Сорос, а против суверенитетот на државите во кои делува, се се погласни. Русија, Хрватска, Унгарија, Македонија, Србија се дел од земјите кои се „алергични“ од таканаречениот унгарски рушач на држави.
На веб-сајтот Change.org се појави петиција преку која граѓаните на САД бараат од претседателот Доналд Трамп да го протера милијардерот Џорџ Сорос од земјата. Авторот на петицијата е извесна композиторка Ванеса Фелтнер, која бара од претседателот Доналд Трамп да го лиши Џорџ Сорос од државјанството на САД. Причината за ваквото барање, според неа, е финансирањето на протестите во градовите низ САД, чија крајна цел е раскол во општеството, пренесува РТ на Русском.
– Тој ги финансира масовните протести, во кои беа повредени и убивани невини луѓе и уништувани куќи и комерцијални објекти. Ние видовме дека тој спонзорира бунтови во Европа, а сега загрозена е и Америка. Сорос е монструм кој може да го уништи целиот свет и да не натера да им се потчиниме на неговите услови, вели Фелтнер.
Таа се надева дека Трамп ќе му забрани на Сорос и неговото семејство да дејствуваат во САД и да корумпираат политичари.
Фелтнер го обвинува милијардерот за финансирање на протестите, како на пример “Маршот на жените”, чија главна цел е да направи раскол во општеството, слично на украинското сценарио, активностите на Балканот и Казахстан.
Познатиот лобист и инвеститор Џорџ Сорос, се смета дека вложил повеќе од 6 милиони долари во предизборната кампања на поразената Хилари Клинтон. Ванеса Фелтнер изјави за РТ дека лично ќе се заложи да му го достави барањето на претседателот Трамп. Таа веќе имала средба со актуелниот шеф на државата, за време на неговата посета во Охајо во рамки на изборната кампања.
Петицијата на веб-сајтот цханге.орг досега ја имаат потпишано повеќе од 9 илјади луѓе.
– Ние луѓето, повеќе нема да го трпиме теророт на Сорос и неговите активности, кои ги уништуваат нашите традиции. Тој се залага да ја подели државата. Нам не ни требаат отворени граници и отворени општества. Нам ни е потребно Америка да остане независна држава со христијанска вредности. Претседателе Трамп, ние бараме од вас да го протерате Џорџ Сорос од Соединетите Држави. Ние бараме од вас да му забраните нему и на сите членови на неговото семејство да дејствуваат во САД и да финансираат организации преку кои ги корумпираат политичарите преку кои манипулира, се вели во текстот на петицијата.
Џорџ Сорос и неговото мешање во Македонија – Тема на најгледаната телевизија во САД – Фокс њуз
Членови на Конгресот, од Сенатот и од Претставничкиот дом го отвораат прашањето за мешањето на Џорџ Сорос во Македонија, пренесува најгледаната телевизија во САД, Фокс њуз. Дебатата и прилогот на Фокс њуз е резултат на потребата американските граѓани да знаат на кој начин се трошат нивните пари и како еден милијардер без никакви ингеренции влијае врз американската надворешна политика и се меша во други земји.
Прилогот следува откако сенаторот Мајк Ли испрати остро писмо до американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли, во кое бараат одговори за поврзаноста на Бејли со Сорос и неговите НВО, како и повеќе други прашања. Ли очекува одговор од Стејт департманот и се надева дека новата администрација ќе бара одговорност од извршниот сектор за начинот на кој се трошат даноците на американските државјани.
На писмото од Ли претходеше писмото шестемина конгресмени предводени од Кристофер Смит. Републиканските лидери бараат одговараат по однос на извештаите за мешањето на милијардерот Џорџ Сорос во Македонија поддржувајќи либерални политики преку кои сака да го зајакне влијанието на Балканот, пренесува Фокс њуз.
– Како е можно некој контроверзен како што е Џорџ Сорос да имплементира странска помош на САД?, запрашува новинарката Џулија Бандерас.
– Тоа е одлично прашање и токму затоа Конгресот мора да ги разгледа обвиненијата. Овој човек е “пајак” со големо влијание на интернет. Контролира голем број на надворешни политички групи и партии каде го насочува своето влијание. Тоа го видовме и кај нас со движењето “Црните животи значат” (Black lives matter), го видовме и на протестите кои се организираа веднаш по инаугурацијата. Тоа е начинот на кој тој делува. Проблемот настанува кога неговото дејствување ќе започне да го извезува и да се меша во странски држави каде што финансира групи. Ниту еден Американец не смее и нема право да влијае на ваков начин на американската надворешна политика, вели Бредли Блекмен поранешен советник на Џорџ Буш.
Фокс њуз инаку е најгледаната телевизија во САД и убедливо ги држи првите 8 од 10 места, а на кабелски оператор има 6 пати поголема гледаност од Си-Ен-Ен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.