Претседателот на Фондациите Отворено општество – Њујорк, Патрик Гаспард и Александар Сорос, филантропист и син на Џорџ Сорос, ја посетија општина Шуто Оризари.
– Во кратката агенда која ја имаа за посета на Македонија, Гаспард и Сорос ја посетија и нашата општина. Со нив беа претставници од канцеларијата на РИО Будимпешта и ФООМ. Во двочасовната агенда која ја планираа за нас, разговаравме за развојните планови на општината, посетивме локално население од месноста Брсјачка буна и им ја покажавме локацијата каде ја планираме првата индустриска зона, вели градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш.
– Отворено ги разговаравме можностите за заедничка соработка. Воедно, пренесовме и покана до господинот Џорџ Сорос да ни биде гостин во следна прилика, додава Дудуш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Курто Дудуш поплавен: Му прокисна покривот на градоначалникот на Шуто Оризари
-
Наставник пријавен во полиција: Шамарал ученик во училиште во Шуто Оризари
-
Брутална кампања: Елвис Бајрам хоспитализиран во „Осми Септември“ (ФОТО)
-
Трајановски:Целосно ќе се реконструира „Индира Ганди“, главната улица во Шуто Оризари