Во Друштвото на писателите на Македонија денеска напладне се одржа книжевен портрет на истакнатиот македонски поет, критичар и есеист, Раде Силјан. За творечкиот опус на Раде Силјан пред огромниот број присутни говореа претседателот на пистаелската асоцијација, Веле Смилевски, како и писателите Ефтим Клетников и Данило Коцевски, а стихови ќе интерпретираат Страшо Милошевски и Антонио Павловски.
Книжевната средба се организираше по повод одбележувањето на двојниот јубилеј: 65 години од раѓањето на поетот и 40 години од објавувањето на неговата прва поетска книга „Третиот лик на времето“.
Раде Силјан зад себе има богат творечки опус: автор е на 15 стихозбирки, 11 книги со критики и есеи и 12 антологии од македонската и балканската поезија и проза. Избрани дела од неговиот опус се објавени во шест тома.
Добитник е на национални и на меѓународни награди, меѓу кои и на награда „11 Октомври“ за животно дело.
Застапуван е во панорамски и антологиски избори од современата македонска поезија, а посебни книги од неговототворештво се објавени на англиски, албански, бугарски, романски, украински, руски, молдавски, италијански, унгарски, турски, полски, српски и грчки јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.