| четврток, 6 декември 2018 |

Современа македонска поезија од Раде Силјан

Во издание на „Матица македонска“ од Скопје, излезе од печат антологија на „Современата македонска поезија“ од Раде Силјан. На страниците од ова книга застапени се песни од дваесет и осум автори, кои создавале во изминатите осумдесет години.

Во предговорот насловен како „Традиција,современост и континуитет“, Силјан опширно говори за развојните текови на македонската поезија, почнувајќи од делото на основоположникот на модерната македонска поезија, Кочо Рацин па сè до претставниците на генерацијата на седумдесетите години на минатиот век.

На крајот од антологијата приредувачот објавува и комплетни био-библиогравски белешки за застапените автори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top