| четврток, 6 декември 2018 |

„Триптих за Македонија“ – нова поетска книга од Раде Силјан

Во издание на „Матица македонска“ од Скопје, излезе од печат поетската книга „Триптих за Македонија“ од македонскиот поет Раде Силјан.

Изданието го сочинуваат три тематски целини: Отворена книга, Молитва за Македонија и Устата на јавето, создадени во последните три години.

Во инспиративниот поговор кон ова дело, проф.д-р Весна Мојсова Чепишевска, ги нагласува спецификите на поетското писмо на Раде Силјан, констатирајќи дека „Триптихот за Македонија“ ја покажува целата архитекрура на зборот, но и на формата. Имено, секој збор е преобмислен, извлечен од дуплото дно на ковчежето на поетската душа.“

Книгата е илустрирана со цртежи од познатиот ликовен уметник, Павле Кузмановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top