| четврток, 6 декември 2018 |

Во Куманово утре ќе нема фудбал, на барање на МВР одложено дербито Шкендија – Вардар

Поради сложената безбедносна состојба и упадот на припадници на УЧК во караулата во Гошинце, во Куманово утре нема да се игра фудбал. На барање на Министерството за внатрешни работи одложен е мечот меѓу Шкендија и Вардар што требаше да се игра утре во Куманово.

Поради реновирање на стадионот во Тетово, Шкендија го пријави теренот во Куманово за натпреварите на кои ќе бидат домаќини. Останатите натпревари од 26. рунда би требало да се играат утре од 16 часот.

Двојки: Работнички – Металург, Ренова – Турново, Силекс – Пелистер и Тетекс – Брегалница. Одложен е мечот Шкендија – Вардар.

vardar-skendija-25

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top