| четврток, 6 декември 2018 |

Демолирана зградата на Општината во Прилеп (ФОТО)

demolirka_prilep

Стаклата на првиот спрат од зградата на прилепската општина во раните утриснки часови биле искршени со лопата.

demolirka_prilep_10bez10_1

Според информациите на локалниот портал „10без10“, станува збор за дело на 22-годишнен прилепчанец, кој во алкохолизирана состојба, ја одзел лопатата на вработениот од ЈКП Комуналец – Прилеп, кој во моментот се нашол пред општината Со лопатата почнал да удира по стаклата на приземниот дел од општинската зграда.

Нанесена е значителна материјална штета, но повредени нема.

По брзата реакција на полицијата, сторителот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе фото на „10без10“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top