| четврток, 6 декември 2018 |

Ренова не издржа, Вардар победи во судиското продолжение

Вардар буквално во последните моменти од натпреварот во Скопје успеа да слави минимална победа над Ренова од 1-0. Јунак за црвено-црните беше Хофханес Хамбарџумјан кој со удар со глава го совлада гостинскиот голман Мустафи во 94 минута од натпреварот.
Последниот напад на вардарци започна со долга топка на Попов, таа стигна до Бојовиќ кој ја префрли преу себе, а тоа го искористи стрелецот Хамбарџумјан за голема радост на публиката и вардаровите фудбалери на арената Филип Втори.
Вардар во текот на целиот натпревар беше подобра противник, созададе неколку шанси, ја погоди и стативата, но немаше среќа во завршницата.
По овој триумф, „црвено-црните“ имаат 58 освоени бода, четири повеќе од Работнички, во пресрет на меѓусебното дерби што во следното коло ќе се игра на нашиот најголем стадион.

Вчера Работнички истотака победи во судиското продолжение во дербито со Шкендија од пенал, а Пелистер славеше во Прилеп над Тетекс со 3-1.
Денеска уште се играат и мечевите Металург – Брегалница и Турново – Силекс кој започнаа од 16 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top