Вечерва на полноќ почнува изборниот молк пред локалните избори кои ќе се одржат в недела. Вкупно 1.743.403 граѓани се запишани во избиричакиот список и ќе можат да го остварат своето право на гласање. Локалните избори ќе се одржат во 80 општини и Градот Скопје. Поднесени се 350 листи за градоначалници и 480 листи за советници. На советничките листи се кандидирале вкупно 8.528 лица, додека пак за градоначалник и за Советот на главниот град своето право на глас можат да го искористат 443.770 граѓани запишани во единствениот избирачки список на 536 избирачки места.
Во општината Вевчани има само три избирачки места каде што треба да гласаат 2.055 граѓани, а Куманово има најмногу запишани гласачи во избирачкиот список – 88.708 кои треба да гласаат на 128 места. Најголем број избирачки места има општина Битола, односно 152, а таму треба да гласаат вкупно осумдесет и една илјада граѓани.
В сабота, утре ќе гласаат болните лица, војниците и граѓаните кои издржуваат затворска казна.
Според МВР Со денешниот ден, практично завршуваат сите активности поврзани со обезбедувањето на кампањата и предизборниот период.
– На денот на изборите, МВР ќе ги обезбедува 2.976 те избирачки места од 06 до 19 часот, односно се до целосно завршување на гласањето и на работата на Избирачките одбори. Обезбедувањето опфаќа два сегмента, и тоа физичка безбедност на објектите каде се наоѓаат гласачките места и приодот до нив за време на гласањето, физичка безбеднсот на гласачките материјали и лична безбедност на гласачите, кандидатите, партиски работници или претставници, членови на ИО, акредитирани набљудувачи и воопшто јавноста. Тоа подразбира дека на денот на изборите ќе се превземат сите неопходни мерки за отстранување на потенцијалните закани по безбедноста во овој период – рече Јанкуловска.
Локалните избори, според ДИК, ќе ги набљудуваат 410 странски и 8.379 домашни набљудувачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Избирачки список во кујна: На локални избори во Србија денеска се гласаше и во куќата на газда Петар (фото)
-
Таравари ќе бара нови локални избори ако не се донесе буџетот на општина Гостивар
-
Заврши прегласувањето во ИМ 2901 во Чаир
-
Груевски: Во Драчево ќе изградиме нова детска градинка, спортска сала и парк во секое маало