Меѓу бегалците од Африка и Азија кои бегаат од стравотиите на војната, сиромаштијата и болестите, беа и двајца Еритрејци на кои им се роди бебе на отворено море.
Нешто помалку од 700 мигранти стигнаа во Италија со морнарички брод откако чамецот со кој доаѓале од Либија доживеал бродолом и се превртел еден ден по испловувањето.
На тој брод имало околу 550 луѓе, а преживеле помалку од 150 луѓе.
Родителите на новороденчето за среќа не биле на тој брод. Сега се на сигурно и без здравствени последици како и бебето кое е однесено во болница поради рутински проверки.
Подобрувањето на времето значително го зголеми илегалниот промет и превозот на имигранти кои се обеидуваат да побегнат од својата татковина и тогаш жртвуваат се само за да стигнат до дестинација каде владее мир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)