| четврток, 6 декември 2018 |

По природен пат родила бебе тешко 5,5 килограми

golemo-bebe2-417x640

Британката Дениел Дејвис по природен пат го родила бебе тешко 5,5 килограми.

При последниот преглед во 9 месец од бременоста, докторите откриле дека Дениел има згрутчена крв во мозокот и за да може да прима терапија морале веднаш да го започнат породувањето. По 8 часа се родил Харли, кој тежел неверојатни 5,5 килограми и го шокирал медицинскиот персонал. Храбрата Дениел го издржала породувањето без никакви лекови за намалување на болките.

Покрај Харли, таа и нејзиниот сопруг ја имаат и 19-месечната ќеркичка Лејла.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top