Македонскиот музички состав „ПМГ колектив“ на втори април го издаде шестиот албум, насловен „Ексју“ (#ExYou). Скопската концертна промоција ќе се случи денеска, 16 април, во „Станица 26“, со почеток во 22 часот.
„Ексју“ е албум што содржи девет песни, кои сликаат еден современ, урбан скопски, па и македонски пејсаж; авантуристички поп-албум со позитивен став и поглед напред, или како што се вели во песната „Среќен“ – „Среќен, научи да бидеш среќен”. Музички издражан, инспративен, динамичен и забавен македонски електронски поп-албум.
– „Ексју’ (#ExYou) или „поранешен ти“ е игра на зборови, именување на албумската целина, која музички претставува еден интимен, но во исто време и брутално јавен поглед кон себе и градот како неодвоив дел од идентитетот. Поглед што ја зема личната или преземена меморија од едно време (како што се вели во песната 80-ти- „Мала, јас сум фраер одамна во градот, уште од 80-ти“) и дава една жива, пулсирачка, совремна слика на нас и градот (како што се вели во песната „Култура“ – „Тоа е нашата слика – Култура“) – вели Мирко Попов, директор на „ПМГ рекордингс“.
„ПМГ колектив“ работел на албумот една и пол година. Албумот е 119. издание за македонската издавачка куќа „ПМГ рекордингс“. Освен во цедеформат, албумот може да се спушти бесплатено на веб-страницата на „ПМГ рекордингс’.
Освен концертот, вечерта ќе биде надополнета и со диџејски сетови на Нино Наумов (пред) и Мирко Попов (по концертот).
„ПМГ колектив“ во текот на овој месец го промовираа со концерти во неколку македонски градови, Куманово, Струга, Гевгелија и Тетово.
Исто така, имаа и мала турнеја во поранешна Југославија и успешна концертна презентација во Сараево и во Сплит, која во текот на јуни ќе опфати и други градови од овој регион. Веднаш по концертот во Скопје, на 17 април следува концерт во Велес. Концертната прмоција во Македонија ќе продолжи во следните два месеца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



