| четврток, 6 декември 2018 |

Радичевиќ го промовира новиот трофеј во ЛШ

Јованка Радичевиќ беше еден од промоторите на новиот трофеј во ракометната Лига на шампионите, а со Вардар ќе има можност и да го освои на фајналфор турнирот во Будимпешта. Десното крило на Вардар  вчера беше присутна на ждрепката во Виена како гостинка на ЕХФ, ракометна институција што одлучи да се изработи нов трофеј што за првпат ќе го добие победникот на завршниот турнир во главниот унгарски град на 9 и 10 мај.

Вардар ќе мора да го елиминира Будуќност во реприза од ланското полуфинале, а потоа и да се справи со победникот од дуелот меѓу Ларвик и Динамо, ако сака да биде првата екипа со новиот трофеј во витрините.

ehf

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top