Со дури 88 отсто верници, Македонија е една од најрелигиозните земји на светот. Во земјава само два отсто од луѓето се изјасниле како атеисти, а осум отсто дека не се религиозни, покажува истражувањето на ВИН/Галуп, пренесе британски „Телеграф“, не наведувајќи на која религиска група прапаѓаат верниците.
Според истражувањето, најрелигиозна земја во светот е Тајланд, каде 94 отсто од жителите се изјасниле како верници, а само еден отсто рекле дека се атеисти.
Две третини од светската популација за себе велат дека се религиозни, тврдат податоците собрани во рамки на истражувањето кое е спроведено на 64.000 лица во 65 земји од светот.
Единствено во западна Европа и во Австралија верниците се малцинство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.