| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар си поигра со европскиот шампион Ѓер

Женскиот ракометен клуб Вардар повторно ќе игра на завршниот турнир за титулата во Лигата на шампионите, а на патот до европскиот врв го елиминираше европскиот првак Ѓер.

vardar-gerg-20

Денеска во реваншот во „Ауди Арена“ во Ѓер, вардарки ремизираа 27-27, со што рутински ја одбранија предноста од шест погодоци од првиот меч во Скопје.

Андреа Пенезиќ со осум гола го предводеше Вардар до посакуваниот резултат што во води во Будимпешта на Ф4 турнирот.

За ракометарките на Вардар тоа ќе биде второ едноподруго учество на завршен турнир, откако лани го освоија третото место.

Ѓер се закани во првото полувреме кога со серија од 6-1 поведе со 10-6. Сепак, дрим тимот на Вардар ја задржа концентрацијата и на паузата од полувремето замина со само еден гол негатива 12-13.

Во продолжението гледавме рапсодија на црвено-црни бои. Вардар постојано водеше, најмногу со три погодоци разлика и рутински одолеа на притискот на домаќинките.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top