Писателот Скот Кејс, прелетал повеќе од 30 илјади километри и посетил 13 земји, меѓу кои и Македонија и сето тоа го сторил без пари. Неговото двомесечно патешестиве било испланирано до детаљ.
Секогаш кога ќе купувал нешто со една од своите 25 кредитни картички, добивал таканаречени „поени за бесплатно летање“. Скот ги посетил Мексико, Никарагва, Тринидад и Тобаго, Санта Лусија, Гренада, Германија, Чешка, Украина, Бугарија, Грција, Македонија, Литванија и Финска.
Кејс (28) внимателно ги собирал поените секогаш кога ќе користел кредитна картичка, се до моментот кога не собрал доволно за оваа несекојдневна авантура низ 13 држави.
Неговиот пат вклучувал и бесплатен престој во хотели и лет во прва класа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.