Македонската фудбалска репрезентација го подобри рејтингот на ранг-листата на ФИФА и со скок од три места се позиционира на 105. место. Ремито со Австралија во Скопје ни донесе напредок, но пласманот сè уште е незадоволителен за селекција што беше 49. во ерата на селекторот Среќко Катанец.
На најновата листа Македонија има 312 поени и е само пред Луксембург од конкурентите во нашата квалификациска група за пласман на ЕП во Франција в година.
Шпанија е на десеттото место, Словачка е зад неа за 10 позиции, Украина е 33., а Белорусија се најде на 83. скалило. Токму како што е и распоредот според бодовите во групата.
На чело на листата на ФИФА остана светскиот првак Германија, пред Аргентина и Белгија, а во топ-10 се и Колумбија, Бразил, Холандија, Португалија, Уругвај, Швајцарија и Шпанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.