| четврток, 6 декември 2018 |

Се подразбуди Вардар и пак се врати на врвот

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар, го победи Тетекс со 2-0 и се врати на врвот на табелата во Првата лига. Скопјани одиграа бледо и покрај триумфот против фенерџијата и повторно не ги оправдаа вложувањата. Скапите ѕвезди во „црвено-црни“ дресови го скршија отпорот на Тетекс во вториот дел, но не потврдија дека имаат игра за големи дела. Филип Ивановски и Дејан Блажевски за само 60 секунди во 63. и 64. минута по еднаш ја матираа одбраната на гостите за победа на лидерот од 2-0.

Вардар има 52 бода од 23 меча, еден повеќе од актуелниот шампион Работнички. Тетекс е последен со 9 бода и од следната сезона се сели вцо понизок ранга на натпревари.

vardar-rabornicki-21

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top