| четврток, 6 декември 2018 |

Ачковска: Македонија треба да се спаси од разнебитување

Професорката Виолета Ачковска на вечерашната трибина на Граѓанското движење за одбрана на Македонија-ГДОМ во Автокоманда истакна дека Македонија е наш заеднички дом кој треба да го градиме со љубов и единство и дека државата треба да се спаси од разнебитување.

K Voda tribina zastita na MK  (8) (Custom)

– Треба да ја спасиме од разнебитување нашата Македонија – порача Ачковска.

Професорката посочи дека македонскиот народ сам се избори за сопствена држава и слобода.

-Македонскиот народ беше поделен на трите соседни држави кои во период од 20 години пробаа да го асимилираат и однародат. Но, никој не можеше да го спречи македонскиот национален подем, македонската национална свест која дојде до израз преку формирањето на првата современа македонска држава. Таа држава и таа слобода, македонскиот   народ ја доби со свои сопствени сили, никој не му ја поклони, рече Ачковска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top