Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска во Будимпешта ќе учествува на министерски состанок посветен на прашања за енергетската стабилност во Регионот на Централна и Југоисточна Европа. На состанокот ќе присуствуваат и министрите за надворешни работи на Унгарија, Грција и Србија и министерот за ЕУ прашања на Турција.
На состанокот кој се оддржува на иницијатива на министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто ќе се разгледува интересот на земјите за поддршка на диверзификацијата на рутите и изворите за снабдување со природен гас од Република Турција.
Предвидено е земјите учеснички да усвојат Декларација за зајакнување на меѓусебната енергетска соработка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.