| четврток, 6 декември 2018 |

Улф Старк доаѓа на Саемот на книга во Скопје

Светски познатиот писател за деца и млади од Шведска, Улф Старк и неколкумина други, исто така, познати писатели од странство ќе бидат гости на годинашното издание (од 9 до 15 април) на скопскиот Саем на книгата. Тој се враќа во првата хала на Скопски саем откако минатата година беше заглавен во втората и во третата хала меѓу саемите за туризам и за образование. Предзнакот меѓународен годинава ќе го правдаат изложени странски книги, односно застапништва на странски издавачки куќи во земјава и по некоја куќа од Србија, Албанија, Италија, Хрватска, Шведска, велат од Скопски саем и од Здружението на издавачи и книжари на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top