| четврток, 6 декември 2018 |

Татко се обидел да ја продаде ќерката во Шпанија за пет илјади евра

bebe

Шпанската полиција денеска соопшти дека во Валенсија уапсила еден Романец кој се обидувал да ја продаде својата ќерка за 5.000 евра. Против 38-годишната мајка покрената е судска истрага. Полицијата не наведува кога се уапсени мажот и жената.

Според полициското соопштение 43-годишен маж и неговата партнерка најверојатно планирале да го продадат детето уште пред жената да забремени. Таткото е осомничен дека заминал во Романија пред раѓањето за да ја договори продажбата со купувачите со кои стапил во врска преку интернет.

Бебето е одземено од родителите и е сместено во центар за малолетни лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top