Ништо ново кај македонската фудбалска репрезенатција и ново разочарување и пораз од Белорусија во Ц групата за настап на ЕП во Франција. Повторно ќе не нема на големо натпреварување, а разочарувањето веќе стана реалност и навика за симпатизерите на фудбалот в о Македонија.
Белорусите не прикажаа премногу, но и со скромна игра не победија, во многу лошо издание на македонските репрезентативци. Поведовме со голот на Александар Трајковски во најдобриот период за Македонија во првите дваесетина минути. Се потоа беше под потребното ниво за една репрезентација што учествува во квалификации за ЕП.
Калачев со гол во самиот финиш од првото полувреме ја казни индолентноста на домаќините, а продолжението од мечот беше катастрофално за Македонија. Игравме без идеа, немаше ниту јасен концепт како да се продолжи мечот, па казната стаса во 82. минута. Пачовски кој дотогаш бранеше одлично и спаси неколку погодоци на Белорусите, направи голема грешка ја испушти топката на 6-7 метри од нашиот гол и Корниленко рутински погоди за победа од 2-1 на гостите. За нив прва, а за нас останаа само главоболки пред вториот дел од квалификациите за ЕП во Франција селдната година.
Шансите се веќе загубено на пола пат од филтер рундата и Македонија сега е на петтата позиција со 3 бода, само пред Луксембург, кој има еден бод.
Сигурен патник на ЕП е Словачка по денешната победа од 3-0 против Луксембург. Словаците се први со 15 бода, пред Шпанија со 12. Вечерва „црвената фурија“ со многу мака ја победи Украина, селекција која е на третата позиција со 9 бода. Зад нив се Белорусите со 4 бода и минимални шанси како и ние за подвиг и настап во Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.