Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје од 20.45 часот ќе бие битка против Белорусија за трошка надеж дека може да направи подвиг и да патува на Европското првенство во Франција следната година.
Победникот во денешниот меч, веројатно, ќе го освои четвртото место во групата Ц, но Македонија со триумф има шанса да ја притисне третопласираната Украина.
Избраниците на Бошко Ѓуровски и самиот селектор најавија офанзива и атак на трите бода, што се последна шанса за пат на ЕП 2016. Ако Македонија победи, ќе има 6 бода и во случај на пораз на Украина од Шпанија, што е очекувано сценарио. Украинците ќе имаат три бода повеќе од нас по половина изминати квалификации. Со нив треба да играме на домашен терен, што е можност за израмнување по бројот на бодови, но ваквиот расплет е можен само со победа вечерва против Белорусите.
Тие немаат ниту една победа и со еден бод од 4 кола се на делба на последната позиција во групата Ц заедно со Луксембург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



